На 01.11.2022 во 07.23 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Кисела Вода – Скопје, по претходно недоразбирање, две женски лица У.С.(54) од с.Црешево, скопско и С.П.(56) од с.Раштак, скопско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.