СДСМ има значителна предност со 26,1 процент поддршка кај граѓаните, додека ВМРО ДПМНЕ има 23,8 проценти рејтинг, покажа најновата анкета на Стратум РиД, спроведена во последната недела од септември и почетокот на октомври.

Сите релевантни организации за мерење на расположението на јавноста објавија анкети во корист на СДСМ.

Една од низата анкети со мислењето и очекувањата на граѓаните за исходот од локалните избори е на агенцијата „Брима“, а по нарачка на “Слободен Печат”, објавена на средината на септември.

Според неа СДСМ е повторно во водство од 18,9%проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 16,3%. Тоа значи дека СДСМ би бил победник на претстјните локални избори, доколку би се одржале денес.

Овие резултати го потврдуваат водството на СДСМ кое го регистрираше и анкетата на реномираниот Републикански институт од март годинава според која СДСМ водеше со 19% спрема 16% за ВМРО-ДПМНЕ.

Се појавија и лажни анкети од анонимни организации

Интересно е што се појавија нови играчи на пазарот, невладини организации, непознати на јавноста, без адреса кои му даваат минимална предност на ВМРО ДПМНЕ. Овие контра-анкети во кои води ВМРО ДПМНЕ се појавуваат на само еден час откако релевантен институт ќе објави дека ВМРО ДПМНЕ губи и исклучиво се публицираат во медиуми блиски на опозицијата. Ваквиот тип на контра-анкета беше користен за време на режимското владеење на Никола Груевски, со цел да се сузбијат и задушат податоците на релевантните институции за мерење на јавното мислење кога тоа не му одеше во прилог на режимската партија.

Аналитичарите велат дека овие анкети повеќе се прават за да се оддржи во некоја компактност незадоволното членство на ВМРО ДПМНЕ.