Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Филиповски на “Само вистина”: Чистотата и хигиената во Аеродром ми се приоритет, ќе го смениме греењето на куќите

„Она што можам да го ветам и го кажувам константно изминативе денови во кампањата е дека посебен акцент ќе ставиме и на чистотата и на хигиената во општина Аеродром. Огромен проблем се индивидуалните куќи во Долго, Горно и населба Лисичен. Мора да ги убедиме луѓето да го сменат начинот на греење“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Александар Филиповски на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој додаде дека има искуство, јасен план и визија како општината да ја направи поубаво место за живеење за сите граѓани и како да ги решава проблемите на граѓаните. Филиповски кажа дека претходното непланско работење со општината направило доста проблеми.

„Голем проблем се индивидуалните куќи, веќе постојат мерки за нив, но мора да иницираме и да ги убедиме луѓето дека вистинскиот начин е тие да аплицираат и да ги променат своите фасади во енергетски ефикасни и да го променат начинот на греење. Тука општината има влијание, ќе субвенционира и помага. Сигурен сум дека тоа ќе биде и поевтино за нив и добро за животната средина во нашата општина“ кажа Филиповски.

Тој додаде дека иако Аеродром изобилува со зелени површини, тие треба да се одржуваат и да се садат нови високо квалитетни дрвја со цел спречување на поголемо загадување.

Можеби ќе ве интересира...

Вчера се аплицирани 11.393 вакцини

Vesti +

МЗ: На КИБФС почина 17 годишна пациентка

Vesti +

Индија вакцинираше 10 милиони луѓе против коронавирус за еден ден

В+

Николовски и Илиевски на средба со бизнис сектор од Куманово: Заедно да ги унапредиме индустриските зони, за повисоки плати и развиена локална економија

В+

Филипче од Новаци: СДСМ гради силна економија, инвестираме во сите општини рамномерно

В+

По прозивките ВМРО ДПМНЕ го одврза ќесето – донираа флаширана кисела и обична вода

В+