Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со прележување на ковид не може да се стекне доволен имунитет, затоа препорачува и тие да се имунизираат со две дози на вакцина од било која. Според него има доволно вакцини околу 400.000 дози, апелираше на масовна вакцинација, и само така ќе може да се спречи ширењето на коронавирусот и спречување на тешка клиничка слика во овој нов бран.

-Вакцината е единствен инструмент дека ние можеме да ја се справиме со пандемијата, оти евидентно е дека болеста побрзо се шири кај невакцинираните. Во есенските месеци очекуваме ризик факторите да се зголемат, затоа што повеќе луѓе ќе се вратат на работа, кажа Филипче

Министерот појасни дека од вкупно 400 илјади вакцини, 200 илјади се на Синовак, 50 илјади АастраЗенека, и 70 илјади Фајзер.

-Граѓаните да се вакцинираат, да живееме нормално, а тоа може доколку сме максимално имунизирани, и тоа е единствениот начин да се стекне колективен имунитет- вели министерот за здравство.