Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Треба да ги вакцинираме своите деца, јас ќе го направам тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во Охрид потврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата.

Вчера здравствените власти најавија дека од понеделник и децата над 12 години ќе може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“.

„Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на ‘Фајзер’. Така да, јас директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече министерот чиј син има над 12 години.

Засега здравствените власти немаат донесено одлука за воведување на дополнителни мерки на границите.

Комисијата за спречување на заразни болести ќе заседава утре и ќе одлучи дали ќе се воведат некакви ограничувања на границите.

Можеби ќе ве интересира...

Господ, цар, чорбаџија, кадија – на денешен ден почина Ѓорѓи Колозов

В+

287 санкции за брзо возење

Vesti +

Зеленски за руските барања: Првин ќе треба да нѐ уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми

В+

АСОМ донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во сообраќајната несреќа во Бугарија

Vesti +

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и на законодавниот дом

В+

„КРИПТОВАЛУТИТЕ НЕ ВРЕДАТ НИШТО“-Лагард „загрижена за луѓето кои не ги разбираат ризиците“

Vesti +