Во моментот кај нас имаме едно намалување на притисокот на болниците за разлика од средината на ноември, вели министерот за здравство Венко Филипче за ТВ 21.

-И во моментов имаме ист број на примени и испишани пациенти, ситуацијата полека се смирува, но се уште сме внимателни бидејќи е многу непредвидлив вирусот, а ние немаме параметри кои може да прогнозираат веќе како ќе биде понатаму. Неколку дена имаме идентичен број на слободни кревети, но подготвени сме за сериозен голем број на притисок, вели Филипче.

Во врска со бројот на смрти случаи Филипче вели дека се забележани вакви случаи и во регионот ние имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот на пандемијата, се случува да земеме брис и посмортен, за да видиме дали лицето било позитивно ако ова не го правиме тогаш бројот ќе се намали.

Во врска со нападите на опозицијата Филипче вели дека имале шанси да помогнат

Опозицијата можеше да помогне ако сакаше досега ќе се отворат 16 ковид-центри, но беше блокиран законот од нивна страна, вели Филипче.