Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, министерот Венко Филипче најави парична награда за сите кои работат со пациенти со коронавирус. И тоа ќе се случи во декември.

„Со ребалансот на буџетот, добивме 100 милиони денари, уште толку дополнителна сума од Светска банка. Таа сума ќе им биде поделена на сите кои работат со пациенти со ковид. Од лекари, болничари, транспортери, како награда во ова борба“, рече Филипче.