Министерот за здравство д-р Венко Филипче, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз, и директорот на ИЈЗ, Шабан Мемемти, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија разлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД.
Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари. Амбасадата на Соединетите Американски Држави е наш партнер во справување со пандемијата со Ковид 19 уште од самиот почеток. Благодарение на нивната поддршка во целокупниот изминат период во неколку наврати, во првиот и во вториот епидемиолошки бран беа надополнети залихите на лична заштитна опрема, како и на техничката опрема која беше неопходна за спроведување на работата на медицинскиот кадар. Медицинска опрема беше доделена за третман на пациентите заболени од вирусот во текот на првиот бран кога и најмногу ни требаше, која се состоеше од кислородни концентратори, мобилни ехо машини, ЕКГ машини и монитори за следење на состојбата на пациентите. Во текот на вториот епидемиолошки бран, значајна донација од страна на Амбасадата на САД доби и УК за Гинекологија и акушерство во Скопје, Специјализираната болница за геријатрија и палиативна нега 13-ти Ноември. За Институтот за јавно здравје беше обезбедена значителна донација на тестови за детектирање на Ковид 19 вирусот и дополнителна опрема за контрола и превенција во лабораторијата. Институтот за јавно здравје доби ПВР машина во реално време (PCR real time) машина која беше од особена важност за нас. Благодарение на сите овие донации се зголеми капацитетот за тестирање и дијагностика на Ковид 19 вирусот. Во изминатиот период со средства обезбедени од Амбасадата на САД во Македонија се реализираа проектите за обнова во Психијатриската болница во Демир Хисар и на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.