Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за уште еден мандат од страна на СДСМ Филип Темелковски посочи две причини заради кои сака да ја добие довербата на граѓаните и рече дека постојат две причини.

„Јас ветив дека ќе нема повеќе барања за легализации, поточно дека ќе ги решине сигте легализации, но поради короната не успеавме докрај, иако најглемиот број се веќе решени. Втората е затоа што ветивме дека нема повеќе да говориме за водоводи и канализации, но сеапк ни остана една мала делница на почеткот на „Пинтија“, мислам на фекална канализација. Таму имавме реален проблем затоа што кога се правел Булеварот Борис Трајковски не се оставил простор за прилучок, а за Стаклара станува збор за и водовод за што имаме обезбедено средства“, рече Темелковски на дебата на МТВ.

Довербата од граѓаните рече тој ја бара за сработеното, но и заради преоектите од програмата која се однесува на секој сегмент од животот на граѓаните во која влегуваат инфраструктурните проекти, зелени коридори во секое населено место и урбаннизација на периферјата на општината.

„Проблемот со Расадник е решлив“, рече Темелковски „и ние го бараме и затоа трае подолго правењето на ДУП от за „Рсадник“ затоа што не сакавме да оштетиме било кој од сопствениците на земјиштето. Сега го тераме процесот на транспарентност“

Во препукувањето со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Темелковски реплицираше дека начинот на кој се носат ДУП- овите очигледно против кандидатот не го знае.
„Бевте претседател на Советот на општината 2016 и 2017 и молчевте за сите детални урбаннистички планови кои се донесоа во Кисела Вода, а сега глумите дека се грижите за Расадник“.