Откако Руската Федерација одлучи да го забрани Фејсбук во таа земја, се огласија од компанијата, и истакнаа дека ќе направат се што е во нивна моќ да им овозможат на руските граѓани повторно да ги користат нивните услуги.

– Наскоро на милиони „обични“ Руси ќе им биде оневозможен пристап до проверени информации. Нема да може да одржуваат контакт со семејството и пријателите и нема да можат слободно да го изразуваат своето мислење – изјави Ник Клег од одделот за меѓународни односи на Фејсбук.

Клег додаде дека ќе направи се за да им овозможи на корисниците слободно да се изразуваат.