СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Д.(23) и Џ.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „разбојништво“. Тие, кражбата ја извршиле на 01 ноември 2022 на улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога од повозрасен жител на Охрид одзеле паричник со 18.000 денари.

Следниот ден, на улицата .„Кирил и Методиј“ во Охрид, пријавените физички нападнале повозрасна жена од Охрид и ѝ одзеле чанта со 9.500 денари, личен предмет и документи.