На 27.02.2022 во 17.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Д.(20) од с.Бојане, скопско и двајца малолетници од с.Чајлане и с.Ласкарци, скопско, затоа што непосредно пред тоа одзеле разни предмети од продажен објект во трговски центар во Скопје.

Кај нив биле пронајдени предметите и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против ни ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.