Вчера во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје, позната како Ивана која во име на градоначалникот на Ѓорче Петров си нарачувала храна.

Полицијата вели дека И.А. се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината.

Во разговорот со службеници на ПС Ѓорче Петров, таа го признала делото.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.

Инаку извесна Ивана се јавувала и нарачувала од ресторани претставувајќи се дека е човек на градоначалникот Александар Стојкоски или на Општината

Општина Ѓорче Петров преку соопштение неодамна објави дека извесно женско лице лажно се претставува и по ресторани и кафеани прави нарачки во име на Општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров преку соопштение објави дека извесно женско лице лажно се претставува и по ресторани и кафеани прави нарачки во име на Општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.

„Ве информираме дека извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавува и појавува во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот. Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување фактура“,велат од Општината.

Оттаму додаваат дека презеле мерки за да приберат докази и да го пријават случајот до надлежните органи и апелираат до угостителските објекти да не подлегнуваат на оваа измама.

Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги“,велат од Општината.