ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 63 годишно лице, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на 27.02.2023 на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси возило со кое, без лиценца од надлежен државен орган, вршел превоз на патници во внатрешниот сообраќај.