На 02.11.2021 во 20.45 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ф.К.(34) од Скопје. Околу 20.15 часот во аптека на бул „Јане Сандански“ со закана од вработената одзел пари.

Кај него биле пронајдени нож и парите, кои му биле одземени и вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.