На 07.07.2022 во 18.25 часот кај местото викано ,,Преслап-Маково”, пред селото Маково, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(46) од Битола.

При контрола во патничко возило „фолксваген шаран”, со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Мароко.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.