Белите заби и блескава насмевка се украс на секое лице и нешто што луѓето прво го забележуваат.

Затоа многумина се подложуваат на разни третмани за избелување на забите во стоматолошки ординации без да знаат дека постојат природни препарати и рецепти кои лесно се подготвуваат и не чинат многу.

Јаболка и јаболков оцет
За здрави и убави заби, стоматолозите препорачуваат јаболка. Исто така, јаболковиот оцет помага во отстранувањето на дамките и избелувањето на забите и ги убива штетните бактерии во усната шуплина.

Во чаша вода ставете една лажичка оцет и со неа исплакнете ја устата, а забите измијте ги со паста за заби. Постапката можете да ја повторувате секој ден.

Лимон
Високото ниво на киселина што го содржи лимонот делува како природен избелувач.

Забите можете да ги триете со кора од лимон две до три минути, а по десет минути исплакнете ги со чиста вода. Не се препорачува повторување на третманот повеќе од два пати неделно.

Двапати неделно можете да користите и свежо исцеден сок од лимон кој ќе го измешате со иста количина на вода и ќе го нанесувате со четка на забите, а потоа ќе го исплакнете со вода.

Банани
Кора од банана содржи некои од есенцијалните минерали, како што се калиум, магнезиум и манган, кои продираат во забите и помагаат во нивно избелување.

Две минути тријте ги забите со кора од банана. По петнаесет минути, измијте ги забите со пастата што вообичаено ја користите. Повторете ја оваа постапка два до три пати неделно. По некое време ќе забележите видлива разлика.