Европската комисија ќе одвои 100 милиони евра за Македонија
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Европската комисија ќе одвои 100 милиони евра за Македонија

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Оттаму велат дека со овој предлог, се покажува дека Комисијата стои до Северна Македонија во тешки времиња, потенцирајќи ја енергетската криза.

Според Комисијата, предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја фискалната одржливост и структурните реформи, додавајќи дека денешниот предлог е во рамки на 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 530 милиони евра.

„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме макрофинансиска помош до 100 милиони евра за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Од Европската комисија информираат дека помошта би била во форма на заеми, кои ќе се исплатат на две рати.

-Овие две плаќања би биле условени со спроведување на политичките мерки кои треба да се договорат меѓу Северна Македонија и ЕУ со Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, судските реформи и борбата против корупцијата. Плаќањата, исто така, би биле условени со позитивни резултати во спроведувањето на програмата на ММФ. Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, велат од ЕК.

Инаку, макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како инструмент за одговор на кризи. Со неа се покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза. Следува предлогот да биде одобрен од Европскиот совет.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип

Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип... Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Премиерот Ковачевски предводи владина делегација на Минхенската конференција за безбедност

В+

Николовски: Во време на криза работиме на ублажување на шоковите

В+

НУРЕДИНИ: Регионалната соработка ќе го олесни одржливото управување со отпадот

Vesti +

Северна Македонија со најдобра оценка за управувањето со јавните финансии во регионот

В+

Ковачевски од Кичево: Обезбедувме топли училници во речиси 500 училишта и силна поддршка за бизнисот

Vesti +

Лажните “бомбардери” во регионот: Србија

Vesti +