Cyberflashing – е термин за испраќање несакани голи слики преку социјалните мрежи. Токму тоа наскоро ќе стане кривично дело во Велика Британија, а на оние кои ќе бидат прогласени за виновни им се заканува затворска казна до две години.

Според професорката по социологија Џесика Рингроус од 2020 година, 76 отсто од девојчињата на возраст од 12 до 18 години добивале несакани голи слики од момчиња или мажи.

Истражувањето на YouG од 2018 година тврди дека речиси половина од младите жени на возраст меѓу 18 и 34 години добиваат несакани сексуални слики.

Законот за забрана на оваа практика е дел од владиниот закон за безбедност на Интернет, во услови на широки реформи дизајнирани да ги заштитат луѓето онлајн.

Нацрт-законот ќе постави поголема законска одговорност на платформите на социјалните медиуми, пребарувачите и другите веб-страници за борба против низа нелегални и штетни содржини на нивните услуги.