Естонија бара НАТО да формира армија во Источна Европа, која ќе може да се брани од руската офанзива, пишува „Гардијан“.

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Естонија, Џонатан Всевиов, изјави дека Европа и НАТО никогаш не може да се вратат во времето пред рускиот конфликт со Украина, кој почна на 24 февруари.

„Ќе бидеме во сосема нова безбедносна средина. Ќе има нова Украина, нова Русија, нова Европа. Не можеме да се вратиме на 23 февруари“, изјави Всевиов за „Гардијан“ пред утрешниот самит на НАТО.

Повеќе од 20.000 војници на НАТО, главно Американци, веќе се стационирани во балтичките земји, Полска и во остатокот од Источна Европа.

Пред рускиот напад на Украина во регионот имаше само неколку илјади војници. Тие требаше да бидат првата линија на одбрана против некој хипотетички руски напад и сигурно ќе бидат поразени во секој конфликт со Русите. Меѓутоа, бидејќи меѓу нив имаше американски војници и војници од други западни земји, тие всушност требаше да послужат како предупредување за Русите дека тие земји ќе испратат значително повеќе војници во случај на офанзива.

Всевиов, поранешен амбасадор на Естонија во САД, смета дека во случај на напад на Украина, Русија повторно пресметала до таа мера што Западот повеќе не може да претпоставува дека Москва ќе го разбере тоа предупредување.