Соопштение на Собранието во врска со прекинувањето на денешната 74. седница на Собранието

Почитувани, ве информираме дека денешната 74.седница беше закажана уште на 26 мај годинава, за што веднаш беа известени сите пратеници, а информацијата е објавена и на веб-страницата на Собранието. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја закажа оваа седница на 26 мај 2022 година, со следниот предлог-дневен ред:
1.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, по скратена постапка;
2. Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по скратена постапка, поднесен од пратениците Антонијо
Милошоски, Љупчо Пренџов, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска;
3. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, поднесен од пратениците Ели Панова, Благица Ласовска, Олга Лозановска, Дајанчо Ефтимов, Лидија Петкоска, Јадранка Поцкова, Игор Здравковски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Ане Лашоска, Тони Јаревски, Грација Бакраческа, Мирче
Аџиоски,Здравко Трајанов;
4. Предлог на закон за дополнување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка, поднесен од пратениците Миле Лефков, Љупчо Димовски, Златко Пенков Јадранка Поцкова, Грација Бакрачевска и Дајанчо Ефтимов;
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, по скратена постапка, поднесен од пратениците Лидија Петкоска, Тони Јаревски, Велика Стојкова Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкоска, Рашела Мизрахи и Грација Бакраческа;
6. Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешните работи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Драган Ковачки и Тони Јаревски;
7. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, поднесен од пратениците Антонијо Милошоски, Ели Панова, Игор Здравковски, Никола Мицевски, Владо Мисајловски, Марија
Петрушевска, Бојан Стојаноски, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Ане Лашкоска, Драган Ковачки, Ангелинка Петкова, Грација Бакраческа, Влагица Ласовска, Рашела Мизрахи, Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Жаклина Пешевска, Олга Лозановска, Силвана Ангелевска и Љупчо
Пренџов;
8. Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија, по скратена постапка,поднесен од пратениците Антонијо Милошоски, Тони Јаревски и Игор Здравковски;
9. Предлог на закон за дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, подесен од пратениците Антонијо Милошоски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска, Ане Лашкоска и Дајанчо Ефтимов;
10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка, поднесен од пратениците Антонијо Милошоски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Мирче Аџиоски и Игор Здравковски;
11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците Драган Ковачки, Бране Петрушевски, Никола Мицевски, Златко Пенков, Грација Бакраческа, Мирче Аџиоски, Дафина
Стојаноска, Антонијо Милошоски, Иванка Василевска, Ели Панова, Игор Здравковски, Зоран Коцевски, Ангелинка Петкова, Дајачо Ефтимов, Александар Велјановски, Лидија Петкоска, Бети Стаменкоска Трајкоска, Велика Стојкова Серафимовска, Олга Лозановска, Здравко Трајанов, Ане
Лашкоска, Љупчо Пренџов, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска, Тони Јаревски и Жаклина Пешевска;
12. Предлог на закон за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – I читање;
13. Предлог на закон за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење – I читање
14. Предлог на закон за изменување на Законот за основното образование – I читање, поднесен од пратениците Илире Даути, Сурија Рашиди, Елми Азири, Артина Ќазими, Абдула Салиу, Халил Снопче, Зиадин Села, Атнан Незири;
15. Предлог на резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Со оглед на тоа што, во меѓувреме, стигнаа нови материјали, претседателот Џафери го дополни дневниот ред на 74.седница на 6 јуни со нови точки:
1. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, поднесен од пратениците Санела Шкријел,Лидија Тасевска, Соња Михаиловска, Илија Николвски, Даниела Николова, Белкиса Зеќири,Берат Ајдари и Арбана Пашоли;
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка, поднесен од пратениците Санела Шкријел, Лидија Тасевска, Соња Михаиловска, Илија
Николвски, Даниела Николова, Белкиса Зеќири, Берат Ајдари и Арбана Пашоли;
3. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена
постапка;
4. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, по скратена постапка;
5. Предлог на одлука за утврдување на висината на надоместокот на претседателот и членовите на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност и на претседателот и членовите на работните тела/комисии, поднесен од пратениците Жаклина Лазаревска, Арта Билали Зендели, Лидија Тасевска, Ненад Коциќ и Арбер Адеми.

Иако сите пратеници имаа иста обврска и должност за учество во работата на Собранието, токму пратениците кои се предлагачи на поголем дел од законите од предлог-дневниот ред на 74. седница не присуствуваа на денешната седница, за да ги образложат материјалите што сами ги предложија. Од овие причини, претседателот Џафери денеска беше приморан да ја прекине 74. седница.
Во прилог ги испраќаме решенијата за закажување на 74.седница и за дополнување на дневниот ред на седницата, како и евидентниот лист за присуство на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.