Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донеле десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини.

Од партијата велат дека овие луѓе се дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според нив, се секогаш со народот.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано се надоградува и засилува. Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат.

ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети:

Македонски Брод – Бисера Златеска

Куманово – Бобан Николовски

Зелениково- Дејан Димишковски

Свети Николе – Илија Стоилев

Штип- Душко Иванов

Чашка- Трајче Мишковски

Пробиштип- Оливер Митев

Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов

Валандово- Јулија Тушевска

Пехчево- Николчо Спасовски

Карбинци- Гордана Брбашка

Градско- Александар Георгиевски

Гевгелија- Димитар Вегов

Дојран- Илија Тентов

Демир Капија- Наталија Димитриева

Новаци- Илче Трајковски

Росоман- Ѓорги Крстевски

Крушево- Александра Мијајлевска Стефановска

Долнени- Сашко Велјановски

Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја угушува државата.

Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот“, се вели во партиското соопштение.