Има години од животот во кои се зголемуваат шансите за неверство.

Имено, шансата за изневерување на партнерот е двојно поголема на 39 години отколку на која било друга возраст – покажува истражувањето на британски портал за пронаоѓање партнери.

Заклучено е дека оваа бројка за многумина претставува пресвртница во животот, бидејќи тогаш влегуваат во средовечна криза или доживуваат втора младост.

Исто така, истражувањата покажуваат дека луѓето изневеруваат за да го привлечат вниманието на партнерот, особено ако се чувствуваат запоставено и дека не е исклучено изневерувањето поради одмазда, пренесува супержената.

Наведени се и 5-те најчести причини зошто некој изневерува:

1. Недостаток на возбуда во кревет (76 проценти). 2. Тоа е добра можност (54 проценти).

3. Врската стана здодевна (46 проценти). 4. Повторно воспоставување контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28 проценти). 5. Желба за промена (22 проценти).