На социјалните мрежи еден од најпопуларните совети за слабеење е да се напиете чаша топла вода на почетокот на денот.

Наводно промовира губење на тежината, а тоа го прават и познати личности како Меган Маркл и Елизабет Харли.

– Пиењето топла вода за слабеење е всушност мит – изјави на Инстаграм нутриционистката Ањали Мукерје.

Според неа, многу луѓе веруваат дека тоа може да им помогне да ги изгубат вишокот килограми, но вели дека помага само во подобрување на варењето.

– Топлата вода го стимулира варењето. Пиењето топла вода после оброк може да помогне при детоксикација. Можете да го пробате ова, можеби ќе ви помогне, но нема да ве натера да изгубите тежина, додаде таа.

Клучот за успешно слабеење се состои од вежбање и исхрана. Важно е да вежбате и да согорувате повеќе калории отколку што консумирате преку храната. Исхраната треба да се заснова на хранлива и нискокалорична храна, како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, житарки, посно месо и риба.

Покрај тоа, важно е да пиете доволно вода во текот на денот.