АД ЕСМ на 10.12.2022 година произведе 12.884 MWh електрична енергија и со своето производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопштија од компанијата.

Како што се наведува, во термоелектраните произведени се 11.047 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 1.837 MWh.

„ Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.210 MWh електрична енергија, наменета за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата“ додаваат од компанијата.