Канадската зима беше потопла од вообичаено – благодарение на Ел Нињо, но постои можност овогодинешното време да биде придружено со студена Ла Ниња, велат експертите. Додека Ел Нињо се карактеризира со топли, натпросечни температури на површината на морето, Ла Ниња е климатски образец што обично се јавува веднаш по Ел Нињо и ги носи спротивните, ладни ефекти.

Како што знаеме, временските настани кои предизвикуваат промени во температурата на морето може да имаат широко распространето влијание, поради што метеоролозите внимателно ги следат. Токму затоа во последно време толку многу се зборува за Ел Нињо.

Во случајот на неговиот „ривал“, Ла Ниња, поголемите врнежи и ветрови можат да доведат до невреме, па дури и урагани. Ако Ла Ниња се случи во 2024 година, метеоролозите велат дека ќе започне кон крајот на летото или почетокот на есента.

Ел Нињо се случува кога површинските води во екваторијалниот Пацифик стануваат потопла од просекот.

Во Индонезија, врнежите имаат тенденција да се намалуваат, додека врнежите се зголемуваат во централниот и источниот тропски Тихи Океан.

Од друга страна, ладењето на површината на океанот во централниот и источниот тропски Тихи Океан доведува до феноменот Ла Ниња. Во овој случај, врнежите над Индонезија имаат тенденција да се зголемуваат, додека почнуваат да се намалуваат во централниот и источниот тропски Тихи Океан.

Нормалните источни ветрови долж екваторот стануваат уште посилни. Генерално, колку поладни се температурите на океаните, толку е посилна Ла Ниња.

Според globalnews.ca, температурите на морето се уште се потопли од вообичаеното, и најверојатно ќе останат така и до пролет, така што настанот Ла Ниња нема да се случи веднаш.

– Кон втората половина на летото, во почетокот на есента, од јули до септември, се чини дека има големи шанси да почнеме да се движиме кон шемата Ла Ниња – вели метеорологот Рос Хал.

Има 58 отсто шанси феноменот Ла Ниња почнувајќи од јули до септември, според Меѓународниот институт за истражување за клима и општество (ИРИ) на Училиштето за клима во Колумбија, според извештајот објавен на 19 јануари.