По повод една година стратешки дијалог меѓу Македонија и САД уште еднаш е нагласена големата, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции, се вели во соопштението од СДСМ.

САД отсекогаш биле и секогаш ќе бидат постојан поддржувач и најголем пријател. Стојат рамо до рамо со Македонија во постигнување на целите за безбедност, просперитет и можност во рамки на европската заедница. Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот, а сега е моментот сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата, додаваат од партијата.

Како што стои во дописот, САД очекуваат дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието, а граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите.