Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа што Албанија и Авганистан се муслимански земји немало влијание на одлуката за Владата да прифати бегалци од земјата.

„Јас сум католик, сопругата е муслиманка, двете постари деца се православни“, изјави Рама, објаснувајќи дека одлуката за прифаќање бегалци од Авганистан не е поврзана со религијата.

Тој нагласи дека неговите две постари деца се православни.

„Нашиот најмал син, ако сака, може да избере да биде и од еврејска вера. Овде станува збор за луѓе без разлика на нивната кожа, култура или религија. Ако Европската Унија и САД одлучат да ја повлечат нивната поддршка за авганистанските бегалци, ние тоа нема да го направиме. Ќе им дадеме засолниште“, изјави Рама.