Повеќе од 70 деца беа евакуирани од сиропиталиштето во Суми, откако поминаа речиси две недели во засолниште криејќи се од руските бомби, изјави гувернерот Дмитро Живицки, кој објави и фотографии.

Во објава на Фејсбук, тој објави неколку слики и напиша: „Ги криевме овие бебиња во засолништа речиси две недели“.

– Фала му на Бога, успеавме да ги најдеме оние кои можат да ги сместат на безбедно место, во друга земја. Штом ги најдовме, за прв пат ги изнесовме децата од специјализираниот дом за деца без родители низ хуманитарниот коридор. Тоа се деца кои немаат родители и на повеќето им е потребна постојана медицинска помош – вели Живицки.

Тој додава дека од се срце е благодарен за грижливиот прием на децата.

– Ви благодариме на сите што го овозможивте ова! Безбедно преселување, лекување и засолниште подалеку од војната.Ќе ги победиме орките и ќе ги вратиме децата во родното Суми – напиша Живицки.

фото Живицки/Фејсбук