На 01.09.2021 во 13.37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Апостол Здравевски“ и ул.„Буковска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.