Во тешка сообраќајна несреќа вечерва се повредени две деца во скопската населба Кисела вода, откако со мотор се удриле во автомобил

Несреќата која се случила во 23 часот на крстосницата од булеварот борис Трајковски со ул. Есеинова го затвори сообраќајот, а полицијата врши увид.

Како што пишува порталот 24инфо, децата биле на возраст од 13 и 15 години и со повреди се пренесени во болницата.