Големи се шансите редовно да го чепкате носот како луѓето од Висконсин кои биле истражувани за овој феномен.

Во 1995 година, тим научници се обидоа да откријат колку е вообичаена практиката на конзумирање сопствена секрет од носот кај возрасните, и дали некои луѓе го прават тоа до тој степен што може да се смета за психијатриско нарушување. Тие анонимно анкетирале случајно избрани жители на Висконсин и откриле дека 91 проценти од нив го чепкаат носот, а околу 75 проценти од луѓето сметаат дека тоа е нешто што го прават сите луѓе. Според овие податоци, научниците заклучиле дека чепкањето на носот е речиси универзална практика кај возрасните.

Дали мукофагијата е најблага форма на автоканибализам и дали е тоа добра или лоша навика? Постојат неколку предности и недостатоци, дури и ако го изоставите изгледот на одвратност од луѓето околу вас.

Како прво, извлекувањето на секрет од носот може да биде штетно, бидејќи може да добиете стафилококна инфекција. Иако присуството на оваа бактерија во носот не води секогаш до инфекција, во случај да ја добиете, ќе добиете чирови, плускавци и болни грутки. Луѓето кои принудно го чепкаат носот, исто така, можат да добијат инфекција, бидејќи создаваат рани во носот. Една 53-годишна жена, која го чепкала носот од својата десетта година, отворила дупка до носната преграда што ги дели нејзините ноздри.

Но, има и такви кои веруваат дека е добро да се јаде од секретот, а меѓу нив е и доктор Фридрих Бишингер, кој тврди дека тоа е добро за зајакнување на имунитетот. Тој дури ги охрабрува малите деца да го сторат тоа. Освен тоа што е навистина чудно, нема други докази кои го поддржуваат неговото тврдење.

Слузта во носот ефикасно ги фаќа микробите што влегуваат во носот и ги спречува да влезат понатаму во вашето тело, така што нема смисла зошто треба да ги внесете преку дигестивниот тракт. Накратко, веројатно е најдобро само да си го дувате носот, дури и ако никој не гледа.