„Треба да перцепираме кои се најзагрозени. Според мене, најзагрозени се најмладите, бидејќи тие се најчесто на социјалните медиуми, и податоците велат дека возрасната категорија помеѓу 15 и 25 години, се најподложни на дезинформации на кои тие подоцна ги градат своите карактерни особини и ставови, посочи проф. Никола Дујовски на панелот на ЦИВИЛ „Ослободи го умот: Дезинформации и пропаганда“.
И затоа, во образовниот процес веќе на големо се дискутира подготовка на различни алатки – како на најмладите, основците и средношколците, да им се укаже опасноста од таквиот начин на однос на социјалните медиуми, односно таквиот пристап.“
Извор: Civilmedia.mk
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...