ДУИ: ВМРО повторно лаже, коридорите 8 и 10-Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДУИ: ВМРО повторно лаже, коридорите 8 и 10-Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува и поддржува денешната транспарентна одлука на Владата за усвојување на пет закони и нивно поднесување до Собранието за понатамошно усвојување.

Во законите, во ниту еден момент, во ниту една реченица, во ниту една бројка од сите пет закони, не се спомнува 60 часа работно време и затоа ВМРО ДПМНЕ ги лаже граѓаните.

Законите предвидуваат олеснување на процедурите за сите национални и стратешки проекти на земјата, е не само на изградбата на коридорите 8 и 10 – Д.

Законите овозможуваат поефитно и побрзо градење на автопатиштата со заштеда на над 150 милиони евра и две години побрзо завршување.

Блокадата на ВМРО и Левица ги чини граѓаните над 150 милиони евра само за овој проект и над две години подолга изградба.

Коридорите 8 и 10 – Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде.

Можеби ќе ве интересира...

Честитка од претседателот на САД, Џо Бајден, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија

В+

Германскиот претседател Штајнмајер утре во дводневна посета на Македонија

Vesti +

РКЕ го објави Годишниот извештај за работа за 2022 година

Vesti +

Потпишан Меморандум за соработка на даночните администрации во Западен Балкан

В+

Нов македонски портал Рацин.мк – За расудување на духот на времето

Vesti +

Приведен дилер од тетовско за издржување затворска казна

В+