Од 16 јануари речиси 170.000 домаќинства во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија ќе добијат дополнителна субвенција за трошоците за греење.

На располагање се вкупно 97 милиони евра, пишуваат германските медиуми.

Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија сака да ги поддржи луѓето со ниски примања со исплата на втора субвенција за трошоците за греење.

Предуслов за добивање на субвенцијата е примање станбен надоместок најмалку еден месец помеѓу септември и крајот на декември 2022 година.

Илјадници домаќинства имаат корист од новата субвенција
Парите автоматски се исплаќаат на соодветните луѓе. Примателите на станбен надоместок не мора да прават ништо“, се вели во соопштението на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Според германските медиуми, новата субвенција за парно зависи од бројот на членовите во домаќинството.

Доколку лицето живее сам во станот ќе му бидат исплатени 415 евра. Две лица добиваат вкупно 540 евра, а за секое наредно лице домаќинството ќе добие дополнителни 100 евра.

Првата субвенција за парно беше распределена на домаќинствата кои добија станбен надоместок во летото минатата година. Тогаш домаќинство со еден член добивало 270 евра.

Субвенцијата за парно оди кај лица со ниски примања – сумата е поголема
Лицата со ниски примања годинава двапати ќе добијат субвенција за парно. Со реформата за бенефиции за домување, повеќе луѓе во Северна Рајна-Вестфалија имаат право на финансиска поддршка од државата.

На 9 ноември 2022 година, германскиот Бундестаг ја одобри втората субвенција за трошоците за греење. Регулативата стапи на сила во Северна Рајна Вестфалија на 7 јануари годинава.