Авионот на Доналд Трамп принудно слета по неговиот говор на донаторската средба во Њу Орлеанс, организирана од Републиканскиот национален комитет.

Авионот бил во воздух помеѓу 20 и 30 минути пред да откажа еден од моторите, а пилотот на приватниот авион решил да се сврти и да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, изјавил еден од изворите.

Авионот бил на пат кон Палм Бич на Флорида, каде што Трамп живее на неговиот имот Мар-а-Лаго, пишува Politico.

Аудио снимката од комуникацијата меѓу пилотот и кулата за контрола на летање откри дека слетувањето е опишано како „итно“, вели изворот, кој бил информиран за снимката.

Кога авионот слетал, РНЦ нашла друг авион за поранешниот претседател. Трамп конечно слета на Палм Бич во неделата околу 3 часот наутро.

Портпаролите на Трамп и РНЦ одбија да коментираат.