Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против К.С.(66) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 12.10.2021 во Пехчево, пријавениот во дворот на неговиот сосед физички го нападнал со остар и дрвен предмет.