Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Прогноза за 11.10.2021
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 12.10.2021
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.