Досадата најмногу се поврзува со непријатност и осаменост. Затоа ќе дадеме се од себе да ја избркаме.

Постои дури и студија во која учесниците останале сами во соба и имале две опции да седат со своите мисли или да се тресат со струја. И многумина се одлучија за второто.

Но, здодевноста има и свои добри страни, според студијата на Универзитетот Јорк.

„Нејзината функција може да се спореди со болка, која ни дава повратна информација и не спречува да му наштетиме на нашето тело“, вели водечкиот истражувач Џон Иствуд.

Досадата ја врши истата работа – не штити од стагнација.

Ако бевме целосно задоволни дека нашите мисли се неокупирани, можеби никогаш немаше да научиме, истражуваме и да развиеме нешто.

Преокупацијата не е секогаш позитивна. Како што вели Џон Иствуд, тоа не прави можеби уште повеќе склони кон здодевност. Технологијата го привлекува нашето внимание, но на начин што нè претвора во предмети – наместо да се концентрираме на нашите мисли или сложени идеи, ние ги пренесуваме нашите мисли на екранот. И нашата способност намерно да се фокусираме и да обрнуваме внимание може да биде нарушена ако не го користиме.

Што тоа всушност значи – дека треба почесто да ви е досадно?

Повеќе се работи за тоа да треба да бидете зафатени со активности што можат да ви здодеат без да се откажете – на пример, многу долга прошетка без телефон.

Бидејќи таквиот чин е тежок за многумина – бидејќи многу луѓе денес не го посетуваат тоалетот без телефон – Иствуд го советува следново за полесно да започнете: одете на работа без телефон или прочитајте подолг текст.

Можеби на почетокот ќе ви е неудобно поради тоа што ќе ви биде досадно – и ќе почувствувате силен нагон да посегнете по телефонот. Но, со текот на времето, телефонот или таблетот нема да ви недостига толку многу. Можеби дури и ќе откриете дека уживате да ви талкаат мислите.