Почнувајќи од утре, Полска ќе забрани влез на патнички возила со руски регистарски таблички, најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
Оваа забрана ќе се применува од утре на полската граница, а ќе стапи на сила вечерва на полноќ – рече Камински.
На камионите со руски ознаки и претходно им беше забранет влезот во Полска.
Како што се наведува, последната мерка е дополнителен елемент на санкции против Русија и нејзините граѓани, пренесува РТРС.