„Потпишувањето на договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни“, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во земјава.

За време на денешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава, во Владата ќе биде потпишан договорот со Фронтекс на македонски јазик, соопштија денеска од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава.

Во Скопје претседателката на ЕК ќе биде придружувана од комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Претседателката Фон дер Лејен ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски. Заедно со премиерот Ковачевски, таа ќе присуствува на потпишувањето на договорот со Фронтекс во Владата. Договорот ќе биде потпишан од страна на чешкиот амбасадор како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и комесарката Јохансон, во име на Европската Унија, и од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во име на Северна Македонија“, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ.

По потпишувањето на договорот ќе следува прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен во прес-центарот на Владата.

Почнувајќи од земјава, Фон дер Лејен во периодот од 26 до 29 октомври ќе ги посети земјите од Западен Балкан.

За време на нејзината посета, претседателката Фон дер Лејен ќе ја нагласи важноста што Европската Унија му ја придава на регионот и нејзината безрезервна посветеност на европската перспектива на регионот.

„Потпишувањето на договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни“, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Фон дер Лајен: Димитар, Договорот за ФРОНТЕКС ќе биде на македонски јазик без фусноти и ѕвездички

Посетата на претседателката Фон дер Лејен, како што потенцира во него, доаѓа во време кога Европа се соочува со невидени предизвици, како резултат на руската војна против Украина, вклучително и енергетската криза.

„ЕУ веќе инвестираше значителни ресурси за да помогне во енергетската транзиција во земјата, што веќе помогна да се подготви земјата подобро да се справи со кризата како што е сегашната, како и да работи на постигнување на нејзините климатски цели. Во исто време, претседателката Фон дер Лејен ќе ја претстави дополнителната поддршка што ЕУ ќе и ја даде на Северна Македонија и на регионот за да помогне во ублажувањето на влијанијата од актуелната енергетска криза. Работејќи заедно, ЕУ и Северна Македонија ќе се обидат да се справат со актуелните предизвици во енергетскиот сектор и да го намалат нивното влијание врз земјата и нејзините граѓани“,

наведуваат од Амбасадата на ЕУ во земјава во пресрет на посетата на Фон дер Лајен.

Денешното потпишувањето на Договорот со Фронтекс помеѓу ЕУ и Северна Македонија во понеделникот го најави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференцијата по Министерската конференција во рамки на Прашкиот процес.