Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Договорот од Преспа е едно од историските дипломатски достигнувања, членка сме на НАТО, македонскиот идентитет, јазик и култура се потврдени и признаени од целиот свет, велат од СДСМ

-Пред три години, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев презеде одговорност, влезе одлучно во процесите и испиша нова историја. Денешниот ден во 2018 година, останува врежан датум кога се реши тридецениското отворено прашање кое ја загрозуваше иднината на нашата држава. На овој ден пред три години се постигна договор со нашиот сосед Грција, се потпиша Договорот од Преспа, соопшти СДСМ.

„Овој договор значеше отворање на земјата кон светот, влез во НАТО но и значеше зачувување и гаранција на нашиот македонски идентитет, македонскиот јазик и култура.

Денес Република Северна Македонија е рамноправна членка на НАТО и седи на истата маса каде се носат одлуки за глобалната безбедност.

Со Договорот, еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, потврдено и запечатено од целиот свет, од целата меѓународна заедница.

На овој ден пред три години избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација во која не втурна бесмислената политика на режимското владеење.

Преспанскиот Договор е вброен како едно од најголемите дипломатски постигнувања во целиот свет, а најголемите светски лидери оддадоа признание за консолидацијата на Балканот и за нашиот придонес за стабилноста и развојот на нашиот регион.

Покажавме дипломатска доблест, храброст, достоинство и политички став.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски што тогаш ги ширеа во паника, се распрснаа како меури од сапуница.

Одбравме да одиме напред, со заштитен и потврден идентитет, со гарантирана посебност.

Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца.

И колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат, држава рамноправен партнер на демократскиот свет.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

СДСМ: Автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија е важен историски настан

Vesti +

Затворен воздушен простор над Украина

В+

Над 3.000 граѓани за два дена се вакцинирале со трета доза

В+

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

В+

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Vesti +

Шилегов во Карпош: Граѓаните го препознаваат најдоброто, новите проекти ги дефинираме заедно со нив

В+