Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во Битола и ги промовираше 1090-те проекти кои ги направиле градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ во 100 дена, на што наиде на потсмев од јавноста со оглед дека се пофали дека изградиле шеесетина училишта и триесетина градинки за 100 дена.

И додека Мицкоски пред педесетина граѓани од Битола, Прилеп, Ресен во луксузен хотел промовираше што “оствариле” неговите, премиерот Димитар Ковачевски во Брисел се сретна со повеќе високи функционери и лидери од Светот.


(Нема информација колку пари троши ВМРО ДПМНЕ за овие скапи промоции во познати луксузни хотели, каде дополнително се поставени и скапи видео бимови)

Премиерот Димитар Ковачевски може да се пофали дека имаше средби со британскиот премиер Борис Џонсон, американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Ковачевски се сретна со силниот поддржувач на Македонија, американскиот сенатор Крис Марфи.

Премиерот имаше средба и со премиерот на Бугарија Кирил Петков, премиерот на Грција – Киријакос Мицотакис, црногорскиот претседател Мило Џукановиќ, словенскиот претседател Мирослав Лајчак, како и со други функционери.