Повеќето политичарки од Балканот изминатиот месец забележале пад на интеракциите на социјалните мрежи, покажуваат податоците на регионалната истражувачка агенција, која го мери рејтингот според трендовите на социјалните мрежи.

Најголем раст има македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска која изминатиот месец има над 17 отсто раст на реакциите на нејзините постови.

Таа објавила 57 постови на кои добила над 23 илјади реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Ваквите податоци покажуваат дека се повеќе луѓе ја следат и поддржуваат работата на министерката Петровска, која изминатите години беше мета на критики и напади поради нејзиниот пол и изглед.