Vestiplus.mk
+ Centar БИЗНИС ТОП ВЕСТИ

Добра вест: Септемвриската пензија ќе се исплаќа од 28.09

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Можеби ќе ве интересира...

Заев: Извозот бележи раст од 34,6% во споредба со лани

В+

Шекеринска од Лисабон: ги направивме првите чекори кон интензивна одбранбена соработка со Португалија

Vesti +

Повторно високи бројки: Денеска се регистрирани 640 нови случаи на Ковид 19 во земјава – починаа уште 12 лица

В+

СДСМ: Никакви конструкции нема да му обезбедат алиби на ВМРО-ДПМНЕ за поразот што го очекува на изборите

Vesti +

Димитров за БиБиСи радио: Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател

В+

Приведен дилер од Куманово

В+