Се стеснува листата на неработни денови за 2023, но следува уште еден продолжен викенд – Објавена е листата на неработни денови за цела 2024-та година.

Списокот на останати неработни денови се стеснува, а последниот неработен ден е 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”, кој е неработен за сите.

Програма на неработни денови за 2024 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2024 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 01 јануари (понеделник), Нова Година,
• 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
• 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 01 мај (среда), Ден на трудот
• 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (петок), Ден на Републиката,
• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
• 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
• 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Извор: BiznisPRO.com