Продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините во понеделник и вторник. Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.

Прогноза за 26.12.2022
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Наутро поонекаде во котлините со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.12.2022
Минимална температура: -3 до 4°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Наутро понекаде во котлините со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер особено попладне кога и облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 28.12.2022
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Наутро понекаде со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.