Официјално денеска на Крстовден, почнува берењето на јаболката во Преспа. Првото јаболко симболично ќе биде откинато утрово во Ресен.

Преспанчани имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката.

Платена храна и околу 1300-1500 денари дневница.

Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.

Сезоната за берење на јаболката започнува на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври, пренесе Centar.mk.

Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.