Платена храна и околу 1200-1500 денари дневница, пишува Centar.mk, во врска со годишната цена за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.

Сезоната за берење на јаболката почна на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври.

Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.