Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не
се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 денари/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50
денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 92,50 ден/литар.